МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска од 11 часот повторно е блокирана за сообраќак делницата Кацадарци- Дреново од страна на транспортери на руда за „Фени” .

Тие протестираат поради неисплатените побарувања во вредност од околиу 4 милиони евра.. Трајче Пејовски, претседател на Здружението „Кипер”, векиу дека не го прифаќаат предлогот од „Џи Сол” сега да им биде исплатена половина од сумата, а остатокот на рати.

-„Фени” ќе биде блокиран 24 часа и нема да биде пропуштено ниедно возило, работниците ќе бидат пропуштени без проблем, фабриката мора да работи и ние не сме против неа, туку си ги бараме нашите права, вели Трајче Пејовски, претседател на Здружението “Кипер”.

Целосната блокада ќе трае до 15 часот. Во меѓувреме, се пропуштаат итните случаеви.Инаку бликадата на патот е извршена со 65 kамиони кипери.