Рекордни 53 точки денеска имаа за разгледување и работа советниците на Општинскиот Совет. 19-мината советници, имаа на дневен ред ,важни материјали.
Пред сите беа разгледани Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општината за 2017-Четврт квартал, Предлог годишната сметка на буџетот на Општината за 2017 година и отпис на долгувања на за неплатени смеки за фирмарина, закупнина и други трошоци за повеке години (најмалку 8).
Цанка Јовановска –раководител на службата за финасии во Локалната самоуправа образложи во детали за состојбата со приходи и расходи на Буџетот на Општината за 2017 година при што наведе дека ланскиот буџет е извршен 74 насто односно осварени се 580 милиони денари.Кај расходите е остварена нешто помала сума од 573 милиони денари.СДСМ-рече Лазар Туриманџов -координатор на Советничката група на СДСМ ке ги подржи трите први точки посветени на Извршувањето на Буџетот, Годишната сметка, односно Годишниот извештај но нема да гласа за отписот на застарени побарувања на Општина Кавадарци од фирми кои користеле и не платите повеке години надоместоци за кирија, и други давачки кон општината за што придонес има стариот состав на власта во Општината и градоначалникот.Тоа што по 8 години сега овој градоначалник и Совет поништуваат договори покажува деја СДСМ тогаш со негласање за истите бил во право, и сега доста внимателно ке ги анализира и дава виза за работи кои се од интерес на Општината.Затоа со градоначалникот е договорено ова партија да ги подржува сите проекти кои се од интерес на градот а ке биде против се што е на штета на граѓаните.
Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев рече дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ке гласат позитивно за првите три точки поврзани со Извештајот годишната сметка и предлог Извештајот на Општината за 2017 година.З а Буџетот говореше и советничката Божанка Минова а градоначалникот Митко Јанчев кажа дека се работи за едни од побитните материјали за нормално функциорање на новата власт и гардоначалникот со службите.Сите слабости и пропусти во иднина ке се усогоасат со законските прописи и нема да има потреба од интеревнции со оглед на тоа што планира да се држат до словото на законот и прописите.Со угостителските објект започнаа да се решаваат недореченостите и некои проблеми и реакции на граѓани. Ке се продолжи и понатаму се додека не се постигне соодветно задоволување на законските прописи.Поставувањето на стојлбовите во градит е со намера дасе спречи паркирањето и со тоа ке се продолжи за да се вратат пешаците во својот дел, на тротоарите, а возачите да не ги паркираат возилата.Во овој дел во сообраќајот ке има доста работа и во иднина.
Советниците ги гласаа трите први точки и 48-та која се однесува на отписот на долгувањата кон Општина Кавадарци,со напомена да се изврши утужување на делот на сите долгувања, кои ке бидат посебно заргледани а да не го надминале законскиот рок од 3 години застаретност .
Во продолжние од 4 до 14 точка беа во пакет разгледани завршните сметки на образовните , воспитните и културните инсуитуции од Општината.СДСМ се пороизнесе дека нема да гласа позитивно за Годишните завршни сметки за ООУ„Страшо Пинџур„ и ООУ„Тошо Велков Пепето„ за што имаше и дискусија од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев.
Инаку на денешнoто заседани на дневен ред беа вкупно 53 материјали од различна проблематика.
Инаку од здраствени причини денеска наместо Ристо Сакалиев со седницата претседаваше Мирјана Гркова.