МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Одобрени се 4 проекти од областа на Археологијата,4 од областа на Етнологијата,По 2 од областа на Историјата и Средновековната уметност и 1 од Ликовната уметност.

-„Покрај богатата,разновидна програма за работа за оваа година,прифатена од градоначалникот и Советот на општина Кавадарци,која е во фаза на реализација Локален Музеј-галерија Кавадарци доби подршка и на 13 проекти од национален интерес на конкурсот објавен од страна на Министерство за култура - Скопје кои ќе ги реализираме во текот на годината.Акцентот е ставен на конзерваторските и едукативните проекти но застапени иако во помал обем истражувачките и проектите од ликовната област„- изјави в.д. директорката - Весна Ѓорѓиева.

Одобрени се 4 проекти од областа на Археологијата,4 од областа на Етнологијата,По 2 од областа на Историјата и Средновековната уметност и 1 од Ликовната уметност.

За одбележување е изготвувањето на Фото-монографија на ликовни дела од збирката на Музеј-галеријата, прва од ваков вид чија промоција ке се реализира во септември оваа година.