МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По изнесените обвинувања од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, АД Водостопанство на РМ-Подружница Тиквеш го упати следниот демант.

„Почитувани : земјоделци - водокорисници и сите останати корисници на услугите на АД Водостопанство на Р. Македонија- подружница Тиквеш

Изнесените обвинувања на прес конференција од страна на партијата ВМРО- ДПМНЕ Кавадарци кон АД Водостопанство на Р. Македонија- подружница Тиквеш, се направени исклучиво за политичко поентирање. Имено неосновани и неаргументирани се овие изнесени обвиненија на само неколку дена пред започнување на наводнувачката сезона.

Чистењето на каналската мрежа во ХМС Тиквеш во вкупна должина од ~ 212,0 км. за наводнување е започната уште поодамна и ќе биде завршено во најкраток можен рок. За разлика од минатите години кога земјоделците добиваа вода за наводнување дури на крајот на месец мај, новото раководство на АД Водостопанство на Р.Македонија- подружница Тиквеш оваа година ќе им обезбеди вода за наводнување на земјоделците навремено и во доволно количина за да ги задоволи сите нивни потреби.

После овие изнесени обвинувања, чуствуваме и одговорност да ја информираме јавноста за тоа каква состојба затекна новото раководство на АД Водостопанство на Р. Македонија- подружница Тиквеш. Сегашното раководство на АД Водостопанство на Р. Македонија- подружница Тиквеш наследи една општа катастрофална состојба, внатре во институцијата. Се соочи со недостатотк на потребната механизација резервни делови, прибор и алат за работа, теренски возила и стручен кадар за нормално функционирање на оваа институција. Претходно со години наназад во оваа институција не се вложувани напори и средства со цел да се создадат основни услови за работа и тоа како за вработените во подружницата, така и за набавка на основни средства, опрема, резервни делови и други материјали за основно функционирање на АД Водостопанство на Р. Македонија- подружница Кавадарци.

За само неколку месеци работење, новото раководство на оваа институција обезбеди 60.000.000 денари од страна на централната власт, за санација и реконструкција на капитални објекти од хидромелиоративниот систем. Овие парични средства во најголем дел ќе бидат искористени за модернизирање и соодветно опремување на АД Водостопанство на Р.Македонија- подружница Кавадарци. Покрај ова, во овој краток временски период обезбедена е и набавена градежна механизација, каква досега во сопствената историја на постоење, подружницата Тиквеш – немала никогаш.

Новото раководство на АД Водостопанство на Р. Македонија- подружница Тиквеш и во натамошниот период ќе работи кон подобрување на условите во самата институција, со цел земјоделците во регионот на Тиквеш да добијат навремено и во доволен обем вода, за наводнување“ се вели во демантот на АД Водостопанство во државна сопственост -подружница Тиквеш Кавададрци по пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.