МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци паралелно со акцијата за отстранување на бесправно подигнатите лимени гаражи на локации во градот, работи на уредување на простор каде тие гаражи би се дислоцирале.

На просторот покрај обиколницата „Северен булевар“ помеѓу мостот на реката Луда Мара па до спојот со ул „Ѓорѓи Соколов“ деновиве интензивно се расчистува земјиште со површина од околу 9.000м2 сопственост на Република Македонија, каде е предвидено изградба на урбанизирано плато за дислоцирање на лимените гаражи.

Локацијата која е предвидена за плато за лимени гаражи се прави со цел сите бесправно поставени лимени гаражи на територијата на град Кавадарци да се дислоцираат овде со цел истите да бидат соодветно поставени и обезбедени од кражба.

За оплеменување на просторот и ставање во функција работи механизација од еден скип и 3 камиони, донација од фирмата „ЈА-МИ“ од Кавадарци, а за истата работа е ангажиран и багер од ЈП „Комуналец“.

Општина Кавадарциги повикува сите сопственици на лимени гаражи кои ќе се дислоцираат активно да земату чество во оваа благородна акција чија цел е „ За убаво Кавадарци“.