МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци со Градоначалникот Митко Јанчев,Советот на општина Кавадарци донесе програма со која се обедбедени 5 автоматизирани колички наменети за инвалидизирани лица.

Истите се порачани и обезбедени во претходна соработка и препорака на Здружнието „Мобилност„ кое ги има сите податоци за лица со хендикеп.Вредноста на автоматизираните колички е 375 илјади денари и Општина Кавадарци Советот и градоначалникот секоја година ке ги обезбедуваат овие среддства и ке ги наменуваат за лицата со хендикепот при движење.

Денеска градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот Рисрто Сакалиев, им ги предадоа количките во сопственост на 4 лица а деновиве ке добие количка уште едно лице.Нивната емоција на задоволство од олеснетата комуникација беше повеке од очигледна што е целта на Јанчев, Советот и сите кои беа за ваква донација.Истовремено претседателот на „Мобилност„-Михајло Михајлов се заблагодари за перманентните напори на општината за подобрување условите за движење во градот на ова категорија наши сограѓани.