МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
https://www.xnxx.com/

На собирот во Бојанчиште говореше историчарот Петре Камчевски

По тој повод денеска над селото Бојанчиште делегација од кабинетот на градоначалникот, советот на општината, претставници на Сојузот на борците и почитувачите од НОБ од Кавадарци и Неготини положија букети свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци од одредот. Историчарот Петре Kамчевски пред присутните потсети.

-„Историјата за овој настан памети дека на 14 нај 1943 година по долги и сериозни подготовки на планината „Вишешница“ во близина на Полошкиот манастир е формирана оваа партизанска единица. Штабот на одредот го сочинуваат: Никола Минчев-командант, Лазар Калајџиески-заменик командант, Димката Габерот-политички комесар и Петар Пепељуговски-зам. полит. комесар. За кратко време одредот врши неколку значајни акции со кој му нанесува сериозни загуби на бугарскиот окупатор. На 14 мај-Ресава, 17 мај-Гарниково, 18 мај-Бојанчиште, караулите Шаренка и Порта, Драгожел, Драдња, Шешково, Праведник, Галиште итн.

За да го уништи одредот окупаторот презема голема офанзива во која вклучува 12.000 војници, полицајци и контрачетници. Одредот претрпува сериозни загуби, загинаа: Блажо Тодоровски-Чичето, Димката Ангелов-Габерот, Ило Виларов, Пано Мударов, Стојан Крстев и др. Во помали групи поради силниот притисок и постојаните борби борците се префрлуваат во Егејска Македонија каде се врши обука на борците, тактичко-маневарски вежби и политички предавања, а во помали групи се префрлуваат во Тиквешијата и вршат помали акции.

Со одлука на ГШ на НО војска и партизански одреди на Македонија од одредите „Добри Даскалов“ и „Сава Михајлов“ и делови од битолскиот одред „Гоце Делчев“ на 24 септември 1943 година е формиран баталјонот „Страшо Пинџур“.

32469505_1934261893274819_4752997121139933184_n.jpg

32525853_1934261903274818_1432654073215057920_n_1.jpg

32387239_1934261943274814_3403349097715859456_n.jpg

32446415_1934261906608151_1734865061836488704_n.jpg

32498325_1934261896608152_5405460089999982592_n.jpg

32470980_173986283434975_3560350394565525504_n.jpg