На 1 јули се одбележаа 19 години од загинувањето на војникот Блашко Толев од селото Марена.

Роднини и пријатели, делегации од локалната самоуправа, Сојузот на борци и жители на селото положија свежо цвеќе на спомен бистата во Марена.

Денеска неговиот споменик го посетија ;делегација на Општина Кавадарци Советот на Општина Кавадарци преставуван со претседателот Ристо Сакалиев, претставници на МЗ Марена, реднини и блиски на семејството Толеви,СЗБ,преставници на партии од Општина Кавадарци коин истовремено поради коронавирусот без посебни одбележувања,положија свежи цвеќиња на неговиот споменик во село Марена.

Блашко Толев е роден на 30 март 1981 година во Кавадарци. Завршува само осмо одделение. Во октомври 2000 година заминува да го изврши долгот и го одслужи воениот рок во АРМ прво во Битола, а потоа во Штип.2001 година, тој учествува во борбите во Тетовско и Кумановско.Не користеше редовно отсуство, очекувајќи порано да се врати дома. На 29 јули 2001 година, бил кај командантите и побарал да го пуштат, бидејќи рокот си го ослужил. Му рекле дека треба да остане до вторникот, додека да дојде смената од нови војници. Блашко не го дочека вторникот . Тој загинува на 1 јули 2001 година на Тетовското Кале во минофрлачки напад.Толев беше прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Толев, како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија.Тој го жртвува својот живот за одбраната на Македонија. Редовно овие години се чествува споменот за него.