МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

“Ве известувам дека денеска Земјоделскиот институт – Скопје заврши со пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец, и истата е зголемена за 25% согласно Законот за вино. Цената на килограм грозје Вранец со пресметаните 25% ќе изнесува 20,8 денари, а цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25% ќе изнесува 18,3 денари. Секогаш на страната на македонските лозари, секогаш на страната на македонските земјоделци, тие имаат вистински партнер во Министерството.„ се наведува во соопштението од Министерството за ЗВШ.