-Градоначалникот Митко Јанчев им се заблагодари на волонтерите за хуманоста , и најави продолжување на ова активност на Локалната самоуправа
На пригодна средба денеска градоначалниклот Митко Јанчев се сретна и им се заблагодари на волонтерите од Кавадарци кои опслужуваа 48 крајни корисници во периодот од 1 октомври лани до март 2018 година .Акцијата која ја финансира УНДП а во која Општина Кавадарци партиципираше во делот на исплатата на песоналниот данок на доход,ке продолжи и во наредниот период, најави Јанчев, со нејзино подигнување на степен повеќе.Тој најави набавка на специјално возило комбе-за превоз на инвалидизирани лица , кои ќе бидат негувани од волонтери . Лицата кои беа денеска присутни и ги примија сертификатите за успешност во нивната работа.
Што се однесува за самата дејност на волонтерите ,таа опфаќа;Набавка на лекарства,намирници,достава на храна и други продукти,плаќање на месечни сметки за домаќинства,заедничко дружење со лицата корисници.