МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавададци, ЈП „Комуналец“, фирмите донатори како и ангажираните волонтери работат на уредување на спомен паркот “12 Ваташки младинци“ во месноста Моклиште кај Ваташа.

Во тек се завршните работи од хортикултурното уредување на целокупната површината од Спомен паркот. Паралелно се работи на расчистување и санирање на старите пристапни патеки, а се формира и нова патека од спомен чешмата под регионалниот пат до платото пред споменикот.На двете страни од спомен обележјето посадени се украсни грмушки, како и по 12 зимзелени дрва од видот „туја“ , кои ги симболизираат 12 прерано згаснати животи на ваташките младинци. Спомен обележјето на Моклиште ќе биде целосно уредено до 16 јуни кога треба да биат одбележаниза 75 години од стрелањето на дванаесетте ваташки деца.

33767013_2159333880957328_1960958982180831232_n.jpg

33961322_2159333877623995_3783036443044085760_n.jpg