МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Седницата на Советот на Општина Кавадарци два часа доцнеше со стартот, а околу 15 часот беше прекината.

Стартот на денешната седница на Совет,очекувано или не, беше пролонгиран-не ни е познато зошто ?-Доцнеше 2 часа (наместо до 12-започна во 14 часот).

На дневен ред беа најавени 56 а беа усвоени 47 плус една предложена на самата седница.Потоа следуваше , предлагање и неизгласување за ставање на дневен ред на додатна точка за -Враќање на логото на ФЕНИ Индустри пред зградата на Собранието на Општината.Точката не помина по гласањето и поради тоа координаторот на советничката група Лазар Туриманџов,како што и претходно предупреди, дека СДСМ-како советничка група нема да учествува на расправата на денешната седница.По низата процедурални објаснувања, законски толкувања и објаснување на советниците и градоначалникот Митко Јанчев зошто е отстрането логото на компанијата од пред здградата на Собранието , претседателот Ристо Сакалиев даде пауза .

Инаку на денешната усвоена расправа за дневниот ред беше планирано да се дебатира и да се усвојат 16 точки посветени на ЈК„Комуналец„, да се расправа за Програмата за годинашниот Тиквешки гроздобер 2018 година, измени и дополнувања поврзани со Програмата за комунални дејности, регулирање на статусот на повеке донации кон Општина Кавадарци и други материјали кои се од значње за работата на Локалната самоуправа.Последна беше предвидена точката посветена на Барањето на ИГМ Трејд од 26 јануари 2018 година .