Интегрален текст
„ПОЧИТУВАНИ !!!Се наоѓаме можеби во еден од најтешките мигови кој секој од нас ги живее.Три месеци Република Македонија како и повеќето држави низ светот е нападната од непознатиот непријател наречен Ковид 19.За да нашата несреќа биде уште поголема, ние ја имаме најнеспособната влада во регионот а и пошироко, која требаше да изнајде начин да го намали бројот на заразени и починати лица во државата.Напротив не само што не успеа да го сведе на минимум, туку во последните неколку денови бројот енормно расте,како на заразени така и на починати лица.Додека секаде во регионот бројот на заразени лица е со едноцифрени бројки,а починати речиси и да нема, кај нас состојбата е загрижувачка,за само една недела имаме 462 новозаболени лица и 26 починати лица.Од кои 101 заразани и 4 починати се во само последните 24 часови. Повторувам за само една недела 462 заразени и 26 починати граѓани на Македонија.Комисијата за заразни болести која треба да го менаџира целиот овој процес за жал потклекна на политикантството на Зоран Заев и затоа деновиве ни се случува она што го гледаме.Ако до пред неколку денови верувавме дека кај овие луѓе водилка ќе биде Хипократовата заклетва,во последниот период целосно ја изгубивме довербата во нив.Ресорниот министер Филипче мислејќи пред се на личниот и партиски рејтинг за жал ја потцени оваа болест и заборави на нејзината сериозност.Додека за економијата нема што да зборуваме,таа е урната како кула од карти. Штетните последици од лошото справување со економската криза од пандемијата повеќето граѓани ги чуствуваат во мометнтов, а со оваа влада најтешкото во економијата допрва доаѓа.Од друга страна уште од самиот почеток на пандемијата СДСМ се однесува крајно несериозно потценувајќи ги играѓаните на Кавадарци.Почнаа да делат некакви хуманитарни пакети кои ги нарекоа донација од семејството Заеви, а сите знаеме зошто ја даваа таа донација.Потоа делеа заштитни маски со нивното партиско лого со што на дневна основа извршија контакти со граѓаните доведувајќи го во прашање здравјето на стотици граѓани на Кавадарци.Потоа делеа и флаери по населението на кои главното мото беше дека сме ја победиле пандемијата,за да пред некое време излезат на прес конференција убедувајќи не дека треба да живееме со новата нормалност.Замислете додека бројот на заразени расте СДСМ ни претставува нова нормалност.Срамно, неодговорно и несериозно!Па така одлепени од реалноста почнаа да држат секојдневни прес конференции на тема од земјоделие па до туризам,за да откога половина раковдство им замина во самоизолација и најблиските соработници на Заев се испозаразија од вирусот,главен проблем им стана Наќе Чулев,небаре тој требало да им кажува каде да одат и како да се однесуваат.Во следниот период од нив можеме да очекуваме, некој од нивното партиско раководство да излезе на прес конференција и во стилот на поранешниот Реис Сулејман да го прогласи Корона вирусот за мртов.Почитувани граѓани!Ова не е случајно, ова е партиски оркестрирано и диригирано со цел да испровоцираат брзи парламентарни избори каде што народот ќе се плаши да излези на истите се со единствена цел да се обидат да го ублажат катастрофалниот пораз кој ги очекува.На крај би им порачале,господо од СДСМ ние како Општински комитет ниту се плашиме,ниту бегаме од избори затоа што СДСМ петнаесет години нема победено во Кавадарци, без разлика кога и да се случат изборите вие ќе го доживеете најубедливиот пораз кој воопшто ви се случил во Кавадарци.Тоа и самите тие го знаете и затоа се во паника и очај .Вмро Дпмне е партија која се грижи за народот за наш главен приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните.Вмро Дпмне е различна од Сдсм.„
се наведува во изјава на Гоце Ангеловски-секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.