Во Кавадарци секојдневнио им е потребна храна на околу 90-тина семејства
Општина Кавадарци , односно Локалната самoуправа ке обезбеди просторија и возило за разнесување на на храна за гладните семејства, вети градоначалникот Митко Јанчев на денешната средба во Кавадарци која ја организира Региoналното еколошко друштво „Еко Живот„, Банката за храна во Македонија, Локалната самопоуправа Кавадарци а учествуваа преставници на угостителски фирми и компании од градот.
Проектот градоначалкникот Митко Јанчев го подржа и конкретно ке помогне да се заштити најсиромашната категорија на граѓани во Општината, а подршка даде и Илија Јовановски градоначалник на Општина Прилеп кој исто така присуствуваше на средбата.
Инаку преставникот на банката за храна која кај нас постои од 2011 година Душко Христов одржа презенатција за начинот на работа , формите на собирање и транспортирање на храна, со објаснување на состојбите во ова област кај нас и во светот.Во Кавадарци “Еко живот“ ке ги преземе на себе обврските околу практикувањето на ова работа .