МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарци се гради и уредува како никогаш досега

Општина Кавадарци го реализира проектот за подобрување на Јавното осветлување на теренот и атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“.

Општината во рамките на овој проект изврши целосна замена на подземната нисконапонска мрежа на постојните 14 столбови поставени околу атлетската патека. На овие столбови ќе се монтираат нови ЛЕД светилки (двојна лира) со што ќе се подобри осветлувањето на патеката.

Како дополнување на моќноста на јавното осветлување на источната и западната страна на теренот се поставуваат 6 нови столбови по три од секоја страна. Столбовите се високи 12 метри, а на секој од нив ќе биде поставен рефлектор со моќност од 1КW.

Дополнителното осветлување со кое во многу ќе се подобри видливоста во ноќните часови е донација од фирмата „Матал Апостолов“.

Општина Кавадарци во соработка со дуќанџиите и поголем дел од фирмите кои имаат деловен простор во БИД зoната на улицата „Илинденска“ реализираше проект за освежување на фасадите на три згради.

Според проектот се работеше на крпење и бојадисување на фасадите на три згради кои во пресрет на општинскиот празник 7 Септември и престојниот „Тиквешки гроздобер“ пре кавадарчани гостите од страна ќе блеснат во нов сјај.

Инаку општина Кавадарци со одлука на советото зградите на улицата „Илинденска ги прогласи како објекти од значење за општината, па врз основа на тоа таа и се грижи за нивно зачувување со автентичната архитектура.

Општна Кавадарци по подолго време ја стави во функција и големата фонтана на градскиот плоштад. Со тоа трите фонтани на плоштадот работат.

На големата фонтана која беше сериозно оштетена, се изведоа неколку зафати за нејзино санирање. Истата беше префарбана со сина боја, беа отстранети искршените подводни светилки, а во функција се ставиа и млазниците кои пумпаат вода во трите деловои од фонтаната.

Претходно општината превзеде мерки за оспособување и на двете мали кружни фонтани пред општинската зграда.