Портпаролот Вуко Мелов ги покани граѓаните на граѓанска трибина со претседателот на партијата и премиер на Владата на РМ-Зоран Заев на отворена трибина на Градскиот плоштад утре - сабота во 20 часот
„Почитувани сограѓани
Македонија чекори напред.
Го трасираме патот кон стабилна, сигурна и европска иднина, за нас и нашите семејства.
Стануваме рамноправен член на НАТО и ЕУ.
За таа цел ги покануваме граѓаните на општина Кавадарци во сабота на 15.09, со почеток од 20:00 на Плоштадот во Кавадарци, на граѓанска трибина со премиерот Зоран Заев. Да разговараме за сите предности и отворени прашања со кои сме соочени пред историскиот референдум.
Да ги разјаснеме заедно сите дилеми и нејаснотии поврзани со овој историски процес.
Повелете на трибина да ги слушнете сите аргументи.
Да слушнете зошто е важно да се поддржи референдумот и да се избере сигурна иднина за нашата земја.
Граѓаните мора да бидат целосно и правилно информирани за да може да ја донесат вистинската одлука.
На 30-ти септември заедно да избереме Европска Македонија.„- се вели во денешното обраќање на потпаролот Вуко Каров-по повод граѓанската трибина на претсдетелот на СДСМ и премиер на Владата Зоран Заев.