МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Општина Кавадарци на овој рeферендум се гласаше на 60 избирачки места.

Право на глас имаа 32.217 лица .Според податоци од ОИК односно од ДИК до 19 часот кога завршува гласањето на сите избирачки места во Македонија па и во Општина Кавадарци на гласачките места изглегле 31.07 насто од избирачите од вкупно запишаното избирачко тело во ова Општина.

Инаку денеска своето право на глас го оствари и градоначалникот на Општина Кавадарци ,инаку потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ-Митко Јанчев .

„Си достоив на зборот - тоа што го кажав.Јас како градоначачник имав морална обврска да излезан и го покажам мојот демократски пример и морален чин “ рече меѓу другото Јанчев во изјавата по гласањето .

Во Неготино се гласаше на 28 избирачки места, право на глас имаат 15.894 избирачи. До 18.30 часот овде гласале 34,85% избирачи.

Во Демир Капија право на глас имаат 3.364 а гласале 38,28% .

Во Росоман на 10 избирачки места имаа право да гласаат 3.344 жители .До 18.30 часот гласале 31.46 %.