МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Донесени одлуки за одржувањена панаѓурот и започнување на градежни зафати за проширување на Детската градинка-единица „Т.В.Пепето„ и „Снежана„(Ваташка Градинка).

Денешната седница повеќе личеше на политичка дебата .Поради близината од одржувањетo на референдумот, политичката клима и во ова тело беше наелектризирана и повеќето дискусии беа дозирани со актуелната состојба во двата политички табори СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Од работниоот материјал бележиме усвојување на одлуката за одлукаат за изменување и дополнување на Одлуката за определување на висината на надоместокот за учество на есенски панаѓур во град Кавадарци според која , Локацијата за одржување на есенскиот панаѓур во град Кавадарци е со следниот опфат :Ул,, Никола Минчев,, од спојот со Бул.,,Македонија,, до спој со ,,Северен Булевар,, и Бул,, Вељко Влаховиќ,, - десна коловозна лента гледано во правец од Бул,, Никола Минчев,, кон Бул,,Цветан Димов,, , како и дел од паркинг просторот пред зградата на УЈП и Гранична полиција .

Висината на надоместокот за учество на есенскиот панаѓур во град Кавадарци, за излагачите што изложуваат стоки или вршат услуги на локации во рамките на опфатот од член 2 на оваа Одлука, се определува во висина од 1.600 денари/м2, за времетраење на панаѓурот.

Советниците донесоа едногласна одлука осгласно иницијативата на градоначалникот за уредување на градежно земјиште за доградба на детска градинка ,,Снежана,, во Кавадарци и ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за наведената и доградбата на детска градинка ,,Детелинка,, .

На седницата , како што напоменавме се разви и дискусија меѓу советниците од опозицијата и владеачното мнозинство, а се вклучи и граданачалникот Митко Јанчев.Поентата беше чиии интерси треба да бидат најважни кога се во прашање реализирања на разни проекти.Пред таа дискусија, Јанчев се осврна и на организирањето на Панаѓурот годинава .