Се поставуваат жардинерии на булеварот „Видое Смилевски“.
Според проектот, на средината меѓу двете коловозни ленти најпрвин се поставија нови рабници во должина од 600 метри, по што ќе се вгради и декоративен блок.Цвеќарниците ќе се протегаат од мостот па до спојот со улицата „Шишка“.Со изградбата на овие жардинери источниот влез во градот од правецот на Неготино ќе добие посовремен и урбанизиран лик.