(ВИДЕО) ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВИНО ВО СРЕДНИОТ ВЕК ВО ТИКВЕШИЈАТА СЕ ОДВИВАЛО ГЛАВНО ВО ЦРКВИТЕ И МАНАСТИРИТЕ
Во мрачниот среден век, на подрачјето на Тиквешијата, а особено во реонот на денешно кавадречко,најголеми центри за производсво на вино биле т.н.Црковни Виници(винарии).Се работи за правење вино од црковните и манастирските лозја .Особено убаво вино правеле игумените во Полошкиот, Моклишниот и Бошавскиот манастир, а тајната на убавото име не ја откривале.
За ова ни зборува Петре Камчевски-кустос историчар во Музеј-Галеријата Кавадарци.