Реализирана втората работилница на која што млади од основните и средните училишта се запознаа со начинот како да изработуваа хуманитарни проекти, како и програмата за промоција на хуманите вредности.
Започна новиот ПХВ циклус на Црвениот крст на Македонија, во кој и оваа година ќе бидат реализирани 150 обуки и ќе бидат обучени над 1200 младинци на територија на целата држава. Во кавадаречката општинска организација на Црвен крст се одржа втората работилница на која што млади од основните и средните училишта се запознаа со начинот како да изработуваа хуманитарни проекти, како и програмата за промоција на хуманите вредности.Предавач беше Александар Гичовски – ПХВ Инструктор
Младите се обучуваа за вредностите на Црвениот крст , за културата како систем од вредности, културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество, а се здобија и со практични знаења како да изработуваат мали проекти а при тоа да се користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои ќе помогнат на ранливото население во местата каде живеаат.
Оваа програма исто така има за цел да го зголеми бројот на волонтери во општинските организации на ниво на Македонија, коишто ќе работата во сите хуманитарни акции каде што некогаш се јавува голема потреба од помошта на волонтерит на Црвениот крст.
Минатата година на ниво на држава беа изработени 210 проекти.