МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Како дел од програмата за комунална изградба Општина Кавадарци реализираше проект за рушење на стари куќи подложни на паѓање, кои воедно и правеа пречки во нормалното одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците.

Во текот на октомври и почетокот на ноември беа рушени две такви куќи на улицата „Страшо Пинџур“ кај „вториот триаголник“.Веднаш по нивното отстранување општината превзеде мерки за пробивање на тротоар во должина од педесеттина метри, како продолжение на постоечкиот.Општина Кавадарци со рушењето на два објекти трајно реши децениски проблем. Имено овие куќи со еден свој дел влегуваа во коловозната лента стеснувајќи ја улицата, при што претставуваа опасност како за возилата така и за пешаците.Иако тротоарот не е широк како на повеќето сообраќајници сепак пробивањето на ова тесно сообраќајно грло во многу ќе го подобри нормалното и непречено одвивање на сообраќајот по мошне фрекфентната регионална улица „Страшо Пинџур“ во правец кон село Ваташа,а пешаците сепак ке имаат стотина метри место за безбеден премин од левата страна на улицата.

45745296_2294025590821489_3588396367799648256_n.jpg

45755533_2294025680821480_982286091774066688_n.jpg