Во организација на Црвениот крст на Македонија, денеска во Кавадарци по 25 пат се одржува државен натпревар по прва помош, се натпреваруваат околу 200 среедношколци од 28 градови, распоредени во посебни екипи.
-Настанот претставува голем празник за нас. Првата помош е многу важна во животот, бидејки никој не знае кога таа ке му затреба, рече Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци.
Најдобрата екипа ќе ја претставува Македонија на европскиот натпревар по прва помош.
Доктор Милчо Трајков, претседател на републичкиот Црвен крст, нагласи дека сите граѓани треба да бидат обучени да пружаат прва помош во разни неприлики.
-Оваа година прославуваме 71 година од постоењето на нашата организација. Покрај другите активности кои ги имаме, ние постојано ја промовираме и првата помош, рече тој во изјава за медиумите.