За најмладите од сите основни училишта во општина Кавадарци Театарот при Домот на културата ја подготви и од денеска ја прикажува Новогодишната претстава - Театар на сенки “Рибарот и златната рипка пловат до Лапонија“, работена според оригинален текст на А.С.Пушкин, а во адаптација и режија на Микица Илова.
Во претставата играат: Микица Илова, Диме Коцевски, Розе Милкова, Александар Стојанов, Тања Иванова, Викторија Данова и Благица Илиева. Плакатот за претставата е на Билјана Соколова Тодоровска, сценската поддршка на Диме Темков, а одговорен за музика и светло Марјан Тодоровски.Од денеска па секој ден во истиот термин до 21 декември 2018 и ќе ги опфати организирано сите основни училишта од општина Кавадарци.
За дел од новогодишните активности и за самиот проект говорат Александар Малинков-директор на Домот на Културата и Микица Илова -автор на претставата.