МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба фотографии од авторот Александар Ѓорѓиев. Изложбата носи наслов “Анаграми за себепрепознавање“.

Ѓорѓиев е роден 1963 во Прилеп, а од 1974 живее и работи во Скопје. Неговото професионално фотографско искуство вели дека работел како фотограф и уредник на фотографија во “Нова Македонија“, “Екран“ и “Фокус“. Денес работи во Мунистерство за култура - односи со јавноста. Автор е на повеќе фото - монографии, а соработувал и со повеќе познати македонски филмски и ТВ режисери (Милчо Манчевски, Димитар Османли, Младен Крстевскии др.)

Владимир Величковски за него ќе каже:“Живее и создава во два века. Во дваесеттиот тој користел фотографски апарат со кој записите ги правел на филмска емулзија и добро ја познава класичната техника на фотографирање, преферирајќи ја чистата фотохемиска постапка без дополнителни интервенции...Останува впечатокот за една техничка и естетски коректна фотоартистичка изведба со пријатно неповторувачко доживување на сликите со мотиви од Македонија, со што на јавноста и покажува дека и фотографијата, која ја позиционира во сликарски норми, може да егзистира како голем предизвик на мислата која, за да се движи, неизоставно користи анаграми за себепрепознавање.“