Во двата храма во Кавадарци денеска беше свечено.ПОвеќе народ отколку што е тоа вообичаено присуствуваше на литургиите во „Св.Петка„ и „Св.Димитрија„, а вениците доаѓаа во црквите за да си запалат свеќа за Христовото доаѓање на свет,неговото раѓање, за здравје и успех на семејсвата.Најголемиот Христијански празник во многу домови денеска ке се одбележи со ручек во кругот на семејството, во христијанска атмосфера.Од овој ден христијаните се поздравуваат со „Христос се Роди-Навистина се Роди„.
Утре во Црквата Света Параскева Петка „ во Кавадарци на Вториот ден на Божиќ , Света Василиева литургија ќе отслужи Неговото високо преосвештнство Митрополитот Повардарски Г.Агатангел, во сослужение со свештеници од Повардарската епархија.