Општината Кавадарци започна со реализацијата на проектот за реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 170 метри.
Според проектот треба да се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура и на коловозната лента. Се започна со отстранување на гранитната коцка, по што Јавното комунално претпријатие ќе изврши реконструкција на старата и дотраена канализациона и водоводна мрежа. Ќе бидат поставени нова водоводна линија, како и фекална и атмосферска канализација.По извршената реконструкција на подземната инфраструктура ќе уследи асфалтирање на улицата.