МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска во Кавадарци се спроведе крводарителска акција во Полициска станица за припадниците на полицијата од Кавадарци, од ПС-ОН и РЦ за ГР- југ...

Се работи за редовна крводарителска активност на нашите полицајци во која својата хуманоста , преку дарување на крв, ја искажуваат повеќе профили на вработени и во двата посебни полициски субјекти во Кавадарци.

Според инфорамции од организаторот биле собрани 23 крвни единици, што е во рамките на просекот кој главно се остварува во слични акции во полицијата.

Ова активност ја организира Општинската организација на Црвен крст од Кавадарци и Службата за трансфузиона медицина од Скопје.