МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 15 март 2019, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше промовирана првата книга поезија на Марта Димитров, насловена како “Мојот храм е внатре во мене“.

Книгата поезија доаѓа една година по издавањето на нејзиниот прв роман „Разголена душа“ .Промоцијата на “Мојот храм е внатре во мене“ ја отвори директорот на Домот на културата, актерот Александар Малинков-кој прочита и песна, а за книгата и авторот говореше кавадаречката поетеса Цветанка Колева.Во нејзиното видување на поезијата за која даваше критика,таа едноставноста на стиховите,ги опиша како квалитет бидејќи секој ќе може да ги разбере .Таа ја изрази својата воодушевностод стиховите на авторката.

Стихови читаше Ева Димитров Кузев. Авторката Марта Димитров ја поздрави присутната публика со нејзиното видување на поезијата и љубовта кон пишаниот збор им се заблагодари наиздавачит „Нов Вавилон„ од Битола и спонзорите на ова издание:Дом ан Култура Кавадраци, Библиотека Феткин „Трасер„- Мрежичко, и “Црна Река Петрол„ .

Марта Димитров ја продолжува својата плодна писателска кариера.Очекуваме и други литературни изненадувања од неа.