Во големата сала на Општина Кавадарци денеска се одржа Јавна презентација на проектот за изградба на нова градинката на локација на улицата „Ресавска“.
На тема „Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” зборуваа: Наташа Тасевска-Стојановска од Министерството за труд и социјална политика која пред присутните го презентираше проектот за новата градинка, потоа м-р Марија Малиновска која го образложи основниот проект за градинката, како и м-р Славјанка Пејчиновскa- Андова која говореше на тема „Првична и ограничена оцена врз влијанието на животната средина и социјалниот аспект за изградба на новата градинка“.На презентација присуствуваа:граѓани, родители, персонал од градинките, лица од општината, социјални работници, невладини организации, граѓански здруженија и други засегнати страни.Со изградбата на новата градинка општината очекува значајно да го реши проблемот со недостиг на капацитети за сместување на децата од предучилишна возраст во ОЈУ Градинка „Рада Поцева“.