МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во 1834 година (Митровден) е осветена црквата Св. Димитрија во Кавадарци. Диме Велков познат трговец од Кавадарци со подароци и многу пари успеал да добие ферман од Солунскиот валија и кавадарчани се стекнале со право да изградат црква во западниот дел од градот. Во текот на градбата имале многу проблеми од локалното турско население при градењето на црквата, на крајот бил постигнат договор камбанаријата да не биде повисока од покривот на црквата. Црквата е во форма на трикорабна базилика со импресивни димензии. Долга е 34 м., а широка 16 м. Денес во неа се евидентирани 111 икони од различен временски период. На јужната страна од црквата има параклис посветен на Св. Петка, а на западната страна има галерија каде се чуваат иконите. Црквата Св. Димитрија одиграла многу значајна улога во историскиот развој на Кавадарци.

Денес се врши целосна реставрација на црквата Св. Димитрија, а работите ги изврши Г.П. “Градба промет“. Се работи и на новиот фрескоживопис во црква

П.Камчевски