МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани претставници на медиумите

Почитувани сограѓани

Владата предводена од СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт.

Со оваа мерка решивме значаен проблем на граѓаните.Граѓаните сега можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв од недостиг на лекови. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец.

Преку оваа мерка се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби преку издавање на фиктивни рецепти.

СДСМ преку конкретни мерки ја зголемува грижата за пациентите, го враќа достоинството на здравствените работници и ги подобрува условите во јавното здравство.

Продолжуваме со мерки и политики кои ја враќаат довербата во јавното здравство и остануваме посветени во создавање на здравствен систем кој ќе се грижи за сите граѓани.

Диме Коцев

Член на И.О СДСМ Кавадарци“