Делегација на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, беше во работна посета на Средња школа за околиш и дрвни дизајн. Сараево, Босна и Херцеговина.

Посетата беше во функција на соработка и размена на ученици и наставници од овие три училишта со неколкудневен престој и изведување на активности поврзани со соодветната струка во рамките на проектот „Exchange for the Future“ кој го финансира RYCO (Regional Youth Cooperation Office).

Меморандумот за соработка беше потпишан на 28 јануари 2020 година во Краљево, Република Србија. меѓу трите сродни училиште од Западен Балкан од областа на шумарството и дрвопреработувачката индустрија:Шумарска школа – Краљево, Република Србија,СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци. Република С. Македонијаи Средња школа за околиш и дрвни дизајн. Сараево, Босна и Херцеговина.

Овој престој во Сараево на наставници и ученици од нашето училиште е почеток на една плодна соработка.