МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци започна да работа итна стоматолошка служба која може да интервенира на болести од ургентент тип кај забите и устата.За таа цел ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност - Кавадарци ги спроведе сите предуслови Службата да започне со работа а деталите ги соопштува во известувањето.

Интегрален текст на соопштението:

“Поради епидемијата од Корона вирусот, Приватните стоматолошки ординации во нашиот град времено нема да работат. За таа цел, во просториите на Службата за детска и превентивна стоматологија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци , започна со работа ИТНАТА СТОМАТОЛОШКА СЛУЖБА.

Приемот на итни пациенти се врши секој работен ден од 08 до 20 часот, а во сабота и недела од 08 до 15 часот.

Пациентот е должен прво телефонски да го контактира својот матичен стоматолог, кој треба да му земе детална анамнеза и да му даде совет за надминување на стоматолошкиот проблем (терапија за намалување на болката или антибиотска терапија).

Матичниот стоматолог е должен да ја контактира Итната стоматолошка служба и да закаже термин за стоматолошка интервенција на неговиот пациент само во случај на :

- силна постојана забоболка која не поминува ниту со лекови,

- акутна инфекција изразена преку отоци, тешко отварање на уста и покачена телесна температура,

- поголеми крварења кои не сопираат подолг временски период

- скршеници на заби и вилици.

НАПОМЕНА: Термин за итна стоматолошка интервенција закажува исклучиво матичниот стоматолог, по претходно земена детална анамнеза на неговиот пациент.“ - наведува во соопштенеието доставено до РТК.МК.