Интегрален текст на реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, на денешното соопштение на ОО на СДСМ- Кавадарци
„Република Македонија е црна точка во регионот и во Европа, а кластерот СДСМ е ризик за граѓаните.
Кластерот СДСМ преку изградениот хибриден режим потврден и од релевантните меѓународни институции единствено се грижи за партиската фотеља на Зоран Заев кој е директно одговорен за неспособноста на власта да се справи со здравствената и економска криза.
СДСМ го доведува здравјето на граѓаните во опасност истовремено злоупотребувајќи го државниот апарат за следење на опозицијата. Срамно е СДСМ да зборува за почитување на мерките и препораките кога пола партија им е во самоизолација.
Подобро би било СДСМ да кажат колку граѓани се заразија од нивните функционери додека вршеа класичен предизборен поткуп.ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.„- се наведува во рекцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешнпто соопштение на ОО на СДСМ Кавадарци.