На 2 октомври (петок) во 12.00, презентација на културното наследство во Тиквешијата
Манифестацијата Европски денови на културното наследство во нашата земја ќе се одржи во периодот од 1 до 7 октомври 2020 година. Темата на овогодинешното одбележување е „Културното наследство и училиштата“. Таа е во согласност со заедничкото мото – „Едукацијата и културното наследство“, под коешто европските земји годинава се обидуваат да го привлечат вниманието на граѓаните на Европа, а особено на помладите генерации. Локалниот Музеј – галерија Кавадарци и оваа година ќе се вклучи во одбележувањето на меѓународната манифестација со изложба насловена како “Културното наследство во кавадаречко“.
На изложбата е презентиран дел од богатото културно движно и недвижно наследство, археолошки локалитети, материјални остатоци, манастири, цркви.Тиквешијата т.е кавадаречката област спаѓа во редот на региони со голем број археолошки локалитети со богати материјални остатоци кои се свидетели на човековите активности од најраните епохи на цивилизацијата а црквите и манастирите освен што биле духовно упориште се и сведоци на ширењето на христијанството во овој крај кој има долга и богата традиција а воедно претставувале и центри за ширење на писменоста и образованието на луѓето од овој крај.