На местото каде се убиени ,денеска беше одбележана годишнината од смртта на народните херои Димче Мирчев и Киро Крстев
НИвното спомен обележје и денеска е бедем.Споменикот на нароните херои Димче Мирчев и Киро Крстев на почетокот на Градскиот парк „Љупчо Шкартов„ во Кавадарци е последниот урбан „бедем“ кој штити од урбанизација на најомиленото место на кавадарчани.Ќе остане ли споменикот за навек ?
Денеска се чествуваше .Заедно со боречката организиција на Кавадарци и Музеј Галеријата организираа потсетвање на годинината од убиството на народните херои Димче Мирчев-Страшо од Кавадарци и Киро Крстев- од Велес.Тие загинуваат на денешен ден 1944 година опколени и во нерамна борба со Бугарскиот фашистички окупатор.
Марија Михова од Музеј ГалеријатА говореше за животниот пат и автобиграфијата и за самото загинување на хероите, нивната жртва за денешната слобода, самопрегорот кој го покажале се до последните секунди од нивнииот живот.
Пригоден рецитал на овој настан изведоа учениво од ООУ„Т.В.Пепето“.
На споменикот пред Градскиот парк во Кавадарци цвеќиња положија преставници на боречките организации на Кавадарци и Велес, Советот на Општината и Локалната самоуправа,Музеј Галеријата,ООУ„Т.В.Пепето„, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев и делегација на УЗ "Киро Крстев" каде се наоѓа споменикот чиј автор е Томе Андревски.