МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денесka заедно со градоначалниците на Неготино, Росоман, Демир Капија, и претставници од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Здружение за родова еднаквост "Визија" Кавадарци потпишан е договор за воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство на локално ниво, во овие четири општини. Главната цел на овој проект е да се подобри пристапот до специјализирани сервиси за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Целна група се жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство. Советувалиштето ќе биде лоцирано во Општина Кавадарци,на локација која е лесно достапна за лица со физичка попреченост, а ќе го користат жени и деца жртви на насилство од Општина Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Со овој проект ќе се даде поддршка за спречување на повторувањето на идно насилство кај жените, ќе овозможиме економско јакнење и осамостојување на жените жртви, и ќе се спречи трансгенерациското насилство преку надминување на траумите и последиците.