МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На На прес конференцијата на претседателот на ОО на СДСМ Кавадари Горан Тодоров говорел за кривичната пријава против пратеникот Зоран Јованчев.За прес конференцијата известување добивме од портпаролот на партијата Вуко Мелов.

Интегрален текст

„Почитувани граѓани

Минатата недела пратеникот и претседател на О.К на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев доби кривична пријава за сторено кривично дело ,,бесправно градење,, по член 244 од Кривичниот законик.

Имено претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци во периодот од 2016 до 2018 година изградил викенд куќа во место викано „Катуниште“, атар на с.Моклиште, без да поседува одобрение за градење на објектот од надлежен орган со што истиот сторил кривично дело.

Ова не е прв пат функционери на ВМРО-ДПМНЕ да бидат фатени во нелегални и незаконски дејствија.

Ова е уште еден од низата примери за неодговорно и незаконско однесување на членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавно прашуваме, дали Зоран Јованчев во периодот од 2016-2017 година извршил измама врз раководството на Ј.П Комуналец за да биде истиот приклучен на водоводот Лукар. Бидејќи се работи за дивоградба, лицата вработени во Ј.П Комуналец со ова исто така сториле кривично дело злоупотреба на службена положба.

Бараме од Ј.П Комуналец да излезе со информации и против сите инволвирани во овој случај да превземат соодветни мерки.

Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна и ефикасна постапка за да се дојде до разрешница на овој случај.

Со ваквото однесување, Јованчев покажа дека не е достоен да биде пратеник во републичкото Собрание и да ги застапува интересите на граѓаните.

Јованчев мора да си поднесе оставка од функцијата пратеник, а потоа низ отворена, законска и транспарентна судска постапка да одговара за своите постапки“.

Наведува на Прес конференцијата ,Горан Тодоров ,Претседател на О.О СДСМ Кавадарци.