МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРИЧИНА Е НОВИОТ ПРОТОКОЛ ЗА СПОРТСКИ НАСТАНИ КОЈ КЛУБОВИТЕ ОД ФИНАНСИСКИ ПРИЧИНИ НЕ МОЖАТ ДА ГО ПОДНЕСАТ

Владата на Македонија усвои нов протокол за спортски настани, па клубовите од земјава на сопствен трошок сега се приморани да плаќаат тестирања на сите членови 72 часа пред натпреварите. Огромно мнозинство од фудбалските клубови во Македонија не можејќи сето тоа да го испочитува пред се од финансиска гледна точка побараа одложување на натпреварите. Токму затоа и Фудбалската федерација на Македонија официјално ги одложи сите фудбалски натпревари предвидени за изминатиот викенд. Во соопштението од федерацијата се вели дека натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се презакажуваат за 07.11.2020. (сабота) кога прволигашите би го одиграле 11. коло 10. коло, а второлигашите би го одиграле нивното 10 коло на 08.11.2020 (недела) – се вели во соопштението од Комисијата за натпревари при ФФМ. Од ФФМ испратено е официјално барање до Комисијата во кое се бара, фудбалерите и останатите членови на клубовите да бидат тестирани со брзи тестови кои во првиот период ќе бидат финански покриени од ФФМ, а потоа да не достигнуваат трошок за клубовите повисок од 300 евра. Од ФФМ очекуваат Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да излезе во пресрет на барањата на фудбалските клубови со што би продолжила и фудбалската игра. Сепак, откако Фудбалската федерација на Македонија го одложи колото, Ракометната федерација на Македонија се реши за уште поригорозен чекор, па лигите под оваа организација се ставени во мирување. Причина за ставање во мирувањето на Суперлигата, Првата лига и женската Суперлига е идентичена, а тоа е новиот Протокол. Од РФМ најавија дека одлуката може да биде променета само кога ќе се усогласат општиот со протоколот на федерацијата а дополнително ќе бидете известени за отпочнување на натпреварите од горенаведените лиги. Сега на потег е комисијата за заразни болести која ке треба да одлучи дали спортот во Македонија ке продолжи како што е случајот со сите земји во свтот или ке станеме прва земја не само во регионот туку и пошироко каде пандемиијата со КОВИД во целост ке го замре спортот во државата.

м.в.

images