МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Цената на становите во Кавадарци изнесува 18.357 денари kвадрат

Отворените денови со катастарот продолжија во Одделениeто за катастар на недвижности во Кавадарци. Акцијата се спроведува веќе деветта година по ред. Минатата година, стручните тимови од Агенцијата за катастар на недвижности на „Отворени денови со Катастарот“ примија вкупно 2934 граѓани каде што на околу 800 граѓани им беше веднаш решен проблемот. Утре отворените денови се во одделението за катастар Неготино, а потоа на 17.11 во Општина Росоман и на 18 во Општина Демир Капија.

Заклучно со 31.10.2016 година одделението за катастар на недвижности Кавадарци има примено вкупно 18 .945 предмети и сите се решени во законски утврдените рокови.Беше промовиран годишниот извештај од регистарот на цени и закупнини за периодот од 18.03.2015 до 31.03.2016.Во овој период во регистар забележани 592 купопродажби од кои 463 и 109 договори за закуп. Во одделението за катастар на недвижности Кавадарци во тек е Акцијата за бесплатно запишување на правата на сопственост за следните населени места Бохула, Галиште, Фариш, Драдрња, Рожден и Мрежичко. Бесплатно запишување покрај за Кавадарци согласно Годишната програма донесена на Владата на Република Македонија се одвива на целата територија на Република Македонија.