МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци продолжи со градежните активности на Градскиот зелен пазар.

Согласно динамиката на работа започна дупчењето на нултото ниво каде треба да се постават 64 армирано бетонски колци. Овие колци се вградуваат во земјата, а имаат за цел да го стабилизираат земјиштето и да спречат оштетување на темелите на постојните околни објекти. Секој армирано бетонски колец е со височина од 10 метри.

Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“, а проектот за современ покриен пазар е изработен од архитектонското биро „Дизајн центар Инжинеринг“ од Кавадарци. Општината на старата локација ќе гради пазар во две нивоа за паркирање и едно ниво за продажба на свежи зелени производи, како и производи кои бараат посебни услови. Во функционална смисла објектот ја задржува својата постојна намена која се збогатува со дополнителни содржини.

Трите нивоа меѓусебе се поврзани преку вертикални комуникации: скалници, товарен лифт за достава на роба и помал лифт за луѓе. Конструкцијата на објектот е комбинација од бетон и челик. Општина Кавадарци за изградба на објектот ќе инвестира 102.616.159 денари. Во времето на изградба на новиот пазар, неговата функција ќе ја обавува пазарот на локацијата на Булеварот „Никола Минчев“. 160328039_3821665951256975_4286244864980379487_n 160371103_3821665721256998_7718261457167424022_n 160408552_3821665627923674_8951102172556659890_n 160098622_3821665824590321_8804102664533449061_n