Многубројните донации низ годините ја прават Кожувчанка ДОО на прво место како најголем опшествено одговорен поборник, особено онаму каде е најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во нашата држава со негазираната природна изворска вода Изворска.

Особено ни е чест и гордост на нашата последна соработка со Министерството за здравство со кои направиме договор за донација на неограничена количина на Изворска за сите вакцинални пунктови во државата, вклучувајќи го и најголемиот вакцинален пункт во А1 Арената - „Борис Трајковски" во Скопје. Во овие тешки моменти нашата компанија несебично помагаше онаму каде што беше потребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација и имунизација ќе го направеме истото.