МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДЕНЕС КЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ СО КОГО ВО КУПОТ И ВО РАЗИГРУВАЊЕТО ЗА ТИТУЛАТА

Денеска ке се одиграат последните две средби од регуларниот дел на кошаркарската сезона. Куманово гостува на Вардар и со победа ке решава за позициите 5 и 6 на табелата а МЗТ гостува на Црн Дрим и ке може да си го бира противникот во разигрувањето бидејки металците со победа ке бидат трети а со пораз четврти. Во вчера одиграните натпревари Пелистер го победи Работнички со 94:77 и си ја завери позицијата број 1 додека Работнички ке ја има позицијата број 2 без разлика на исходот од средбата Црн Дрим - МЗТ. МЗТ ги загуби шансите за позицијата број 2 откако дома загуби од Куманово со 76:83. А Гостивар ке има повисока стартна позиција од ТФТ бидејки го совлада со 115:109. Засега ЕуроНикел е на позицијата број 3 и ке ја задржи доколку МЗТ загуби во Струга но доколку металците победат тие ке бидат трети а кавадарчани 4.За позициите 5 и 6 конкурираат Гостивар и Куманово. Меѓусебните дуели им се еднакви. Двете екипи победија на домашен терен и двете екипи славеа со 8 разлика. Но ова ке важи само ако Куманово го совлада Вардар. Доколку загуби Гостивар ке биде 5, ТФТ 6 а Куманово ке падне на позицијата 7. ФМП е 8 на табелата и ке му биде противник на Пелистер во Купот и во разигрувањето. Наредниот викенд од 14 до 16 мај се игра купот а потоа ке стартува и разигрувањето. Во текот на следната недела КФМ ке пресече дали разигрувањето ке се игра во балони или по принципот дома-гости.

М.В.