МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДВА КУЛТУРНИ НАСТАНИ ПО ТОЈ ПОВОД УТРЕ ВО КАВАДАРЦИ

Светскиот ден на Музеите традиционално се одбележува на 18 мај почнувајќи од 1977 година, а со цел да се подигне свеста за важноста на музеите и севкупното културно наследство во развојот на едно општество. Овој датум е утврден од Меѓународниот Совет на Музеите кој е формиран во 1946 година. Нашата држава во 1993 година го формираше Македонскиот Национален Комитет и се вклучи во оваа мрежа на глобално ниво. На овој ден музеите традиционално ги отвoраат своите врати поставуваат изложби,организираат промоции или други настани се со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од публиката.

По тој повод утре во нашиот град ке се случат два настана.

Прво во 11 час во ЈОУ Локален Вински Музеј за Регион Тиквеш - Кавадарци, ке се промовира Ликовниот перформанс насловен како „ Лозарството и Винарството низ Историјата„. Учество на овој перформанс се очекува да земат неколку членови на Друштвото на Ликовни уметници од град Кавадарци како Киро Јосифов, Горан Боев, Владимир Темков, Тодор Богев и Лазар Дојчинов.

Веднаш потоа од 12 часот во музеј галеријата Кавадарци традиционално ќе се одбележи светскиот ден на музеите со изложбата насловена „Ризница на музејски експонати“. Ке се презентира еден сегмент од лепезата на музејски експонати од богатата и разновидна музејска ризница од сите музејски одделенија. Ке бидат претставени само неколку ликовни дела од вкупно 201 од збирката на ликовни дела со кои располага нашиот Музеј, неколку икони и црковни реликвии од вкупно 40 во сопственост на Музејот, што е само дел од преубавата археолошка збирка од вкупно 1200 предмети. Ке биде претставено и етнолошко катче во кое ке биде презентиран дел од вкупно 650 предмети, неколку парчиња од оружје и три комитски носии од вкупно 132 предмети како и огромен книжен фонд од историското одделение.

М.В.

186982526_275499454291388_6085973757531962384_n