Дванаесет дрвца „туја“ ќе бидат посадени во паркот на 12 стрелани млади во Ваташа
Проектот за средување, расчистување и хортикултурно уредување на спомен паркот “12 Ваташки младинци“ во месноста Моклиште е во поодомината фаза.
Волонтерите од проектот на општината „За чисто и убаво Кавадарци“ заедно со вработени од ЈП „Комуналец“ работеа на завршно порамнување на теренот и негова подготовка за сеење на трева. Стручни лица од Комуналец ја оспособуваа подземната водоводна мрежа, за полевање, со цел нејзино ставање во функција, додека ангажираните лица од општината ги изведуваа последните активности околу косење на дел од затревнатиот простор, како и на расчистување на суви гранки и вегетација.Според планот дванаесет зимзелени украсни дрвца од видот„туја“ ќе бидат посадени кај споменикот на 12 стрелани младинци . Ратка Мукаетова, раководител на “Паркови и зеленило” денеска потврди дека Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци кое го работи проектот со Локалната самоуправа ке посветат исклучително внимнание на ова работа. -Во моментов се рамни површината од над 13 декари во спомен паркот подигнат во нивна чест, која потоа ќе се посее со трева, појасни Мукаетова. Ова година се навршуваат 75 години од стрелањето на 12 младинци од Ваташа кои беа стрелани од фашистите за време на окупацијата на Македонија .Годишнината ке биде одбележана на 16 јуни 2018.На истиот простор ќе се одржи и тардиционалниот мото собир во огранизација на мото клубот „Тиквеш рајдерс“ и општина Кавадарци.