Ковид центарот во кавадаречката болница е затворен бидејќи подолго од 15 дена нема нови хоспитализации на ковид позитивни пациенти, информираше денеска директорот на болницата, д-р Диме Коцев. Тој нагласи дека за седумипол месеци тешка борба со вирусот, во инфективната амбуланта биле извршени 12650 прегледи, а 843 пациенти биле хоспитализирани. Стапката на морталитет од корона вирусот во кавадаречката болница изнесува 18% и е далеку под европскиот просек. Д-р Коцев искажа благодарност на сите здравствени работници кои беа вклучени во ковид центрите, но и до бизнис заедницата која несебично помагаше. Сега сите амбуланти и оддели во ЈЗУ Општа болница Кавадарци ќе работат нормално, а се враќа и редовната програма на операции на хируршкото одделение.

А.Д