МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СОСТАВОТ ОД СЛОВЕНИЈА ВО СВОИТЕ РЕДОВИ ИМА И ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА КАВАДАРЕЧКАТА ПУБЛИКА

Продолжуваат културните збиднувања во нашиот град со несмалено темпо со домашни и странски гостувања. Вечерва, 7 јуни со почеток од 19 часот, во Галерија при домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци, ќе се оддржи етно џез концерт со “Urban Moonlight Project“ од Словенија. Во овој состав членуваат Панделина Атанасова (клавир, тарабука, гитара), Петра Копривец (клавир), Ана Лазар (виолина) и Данијел Богатај (виолина, гитара, вокал, тамбура). Со оглед на актуелната пандемија ограничен е бројот на публика во алеријата, односно дозволена е посетеност од 30 % од капацитетот на истата. За време на концертот задолжитено е користење на заштитни маски и седење на поставените столчиња.

М.В.