МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во рамките на изложбата пред кавадаречката публика претставени се се 45 дела , сите создадени од почетокот на пандемијата со корона вирусот.

Синоќа во Музеј галеријата Кавадарци, беше отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Светлозар Недев од Бугарија. Присутните гости со пригодни говори ги поздравија уметникот Владимир Темков, директорката на Домот на културата, Јулијана Туриманџова и директорката на музеј галеријата Весна Ѓорѓиева.

За животот и делата на Недев говореше кустос историчар Билјана Галабова

На крај на присутните им се обрати и авторот кој се заблагодари за поканата за учество на колонијата „Михајлово Кавадарци 2021“ како и на можноста да излага свои дела во рамките на истата. Потоа Недев ги запозна присутните дека сите 45 изложени дела се создадени од почетокот на пандемијата со корона вирусот па се до неговото доаѓање на колонијата.

М.В.

55544 55666