Денеска во просториите на компанијата беа потпишани договори за спонзорство и соработка помеѓу заинтересираните страни
Со потпишувањето на Договорите за спонзорство Еуроникел Индустри е новиот спонзор на градскиот фудбалски клуб Тиквеш и градскиот ракометен клуб Тиквеш.Договорите се во вредност од 30.000 и 15.000 евра и ја опфаќаат сезоната 2021/22 година. Со овие два договори, кавадаречката компанија е активен спонзор на три локални клуба во три различни спорта, заедно со кошаркарскиот клуб Еуроникел којшто е во целост под покровителство на компанијата. Еве што изјави Андреас Цагарис директор на Еуроникел Индустри на потпишувањето на договорите.
.За клубовите овие договори имаат голема вредност затоа што обезбедуваат и гарантираат квалитетен старт и учество во претстојната сезона изјавија претседателот на ГФК Тиквеш Миле Масларков и Зоран Јосифов од ГРК Тиквеш.
Градоначалникот Митко Јанчев, кој обезбедува силна општинска подршка на клубовите, исто така ја истакна својата благодараност кон Еуроникел, и порача дека што повеќе компании треба да госледат овој пример, на тој начин придонесувајќи кон збогатување на спортскиот живот во Кавадарци
М.В.